Каја Калас: Русија научи како да влијае врз избори преку новите технологии
- Калас истакна дека актуелните методи за проценка на фер избори се застарени и не ги земаат предвид новите технологии кои се користат за манипулација.
Брисел, 11 декември 2024 (МИА) - Новата висока претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Каја Калас изјави дека Русија научила како да влијае врз избори со користење нови технологии.
„Гледам примери од Романија и други места, каде Русите навистина го пронајдоа начинот за влијание врз изборите“, рече Калас на настан организиран од „Политико“.
Одговарајќи на прашање за влијанието на новите технологии врз демократијата, таа изрази загриженост: Демократијата се темели на доверба, а ако не можете да им верувате на изборите, како да му верувате на резултатот?
Калас истакна дека актуелните методи за проценка на фер избори се застарени и не ги земаат предвид новите технологии кои се користат за манипулација.
Во Романија, Уставниот суд го поништи првиот круг на претседателските избори, поради докази за „агресивни руски хибридни напади“. ссм/
фото: архива