Каја Калас во посета на БиХ
- Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас денеска ќе престојува во посета Босна и Херцеговина.
Брисел, 3 ноември 2025 (МИА) - Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас денеска ќе престојува во посета Босна и Херцеговина.
Посетата доаѓа откако Советот за безбедност на ОН во петокот го продолжи мандатот на Мисијата на ЕУ во БиХ – ЕУФОР Алтеа.
Според најавите, Калас по пристигнувањето во Сараево ќе го посети седиштето на ЕУФОР Алтеа во касарната „Бутмир“, каде ќе биде пречекана од командантот на Мисијата, генерал-мајорот Флорин-Маријан Барбу.
Предвидено е Калас да има средба со припадници на ЕУФОР Алтеа, како и да се обрати пред војниците ангажирани во Мисијата.
По посетата на „Бутмир“, Калас ќе се сретне и со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и со босанско-херцеговскиот министер за надворешни работи Елмедин Конаковиќ. сп/ссм/
Фото: МИА Архива