• четврток, 26 декември 2024

Кацига на „Хермес“ се продава за 6.800 долари

Кацига на „Хермес“ се продава за 6.800 долари

Лос Анџелес, 15 септември 2022 (МИА) - Една од првите кациги дизајнирани 2008 година, по повод отворањето на продавницата на „Хермес“ во Торонто, Канада, неколкупати се појавуваше на наддавања, а сега е достапна и на интернет. Аукциската куќа „Сотби“ ја продава заштитната капа по цена од 6.800 американски долари.

На интернет-страницата на аукциската куќа е наведено дека кацигата е „ во многу добра состојба и има само мали гребнатинки“ на надворешниот дел. Луѓе на интернет-просторот се потсмеваат со сето ова... „Треба да може да запира куршумите за таа цена“, „Ако може да ги спречи астероид, тогаш - добро“, „'Хермес' се зафркава со нас“, „Очекував ваква глупост од 'Баленсијага', но не и од 'Хермес'“ - гласат дел од коментарите. Вакви капи, инаку, (без логото на „Хермес“) може да се купат и за 350 денари. Кацигата е во портокалова боја, а логото на брендот е на предната страна. На задната страна на пишува „Торонто, јуни 2008 година“.  си/сд/

Остани поврзан