• среда, 25 декември 2024

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми каже како да работам

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми каже како да работам
Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) - За случајот 27 април се изнесуваат невистини. Критиката од опозицијата е секојдневна, но ниту една нереална критика која што не е заснована на факти, не допира до мене. Политиката кај мене нема влијание, рече денеска во претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Таа пред почетокот на тркалезна маса во одговор на новинарско прашање околу изнесените критики од ВМРО-ДПМНЕ, дека за претседателка е избрана поради затворските пресуди кои ги донела за осудените во предметот за упадот во Собранието на 27 април, посочи дека станува збор за невистини поради кои се доведува во заблуда јавноста. - Не може да стане збор за уставобранители луѓе кои влегле во Собранието, во Законодавниот дом, дом на деморкатија да се тепаат пратеници, новинари, полиција, а од друга страна да гледаме претставници на полцијата во комплетна борбена опрема како лежи на фотелјите се поздравуава и гушка со маскирани лица, мислам дека на јавноста и е доволно јасно, рече таа. Кацарска додаде дека критиката од опозицијата е секојдневна, но ниту една нереална критика која што не е заснована на факти, не допира до неа. - Политиката на мене не може да влијае. Нема земја во светот и нема политичар кој не сака да има влијание врз судството. Но, гарантирам и ви ветувам дека никогаш ниту еден политичар мене не може да ми каже како да работам, додаде Кацарска. Во поглед на изборот на новите судии, Кацарска изјави дека не постои политичар кој може да и се јави и да и каже како да одлучува за некој предмет. - Во мојата судска работа тоа сум го докажала. Кои судии ќе ги изберат политичарите, за тоа може да зборувате со претставници од политичките партии, се надевам и посакувам да изберат професионалци, чесни судии, на кои воопшто нема да им е битно кој е носител на иницијативата, која одредба се оспорува и слично. Уставниот суд заслужувува да бидат изберени исклучиво луѓе професионалци, додаде Кацарска. бт/сп/

Остани поврзан