• среда, 25 декември 2024

Католичките бискупи во Франција одлучија да ги обештетат жртвите на сексуално злоставување

Католичките бискупи во Франција одлучија да ги обештетат жртвите на сексуално злоставување
Париз, 8 ноември 2021 (МИА) - Бискупите на Римокатоличката црква во Франција денеска се договорија да им исплатат паричен надомест на жртвите на сексуално злоставување во рамките на верската заедница. Претседателот на Француската бискупска конференција Ерик де Мулен-Бофор ја поздрави одлуката како „одличен чекор“. Тој додаде дека Црквата ја препознала својата „институционална одговорност“ и „го отвори патот жртвите да добијат обештетување“. Тој не наведе детали за износот на обештетувањето и за начинот за исплата. Претходно, независна комесија процени дека свештеници и други лица поврзани со католичката црква во изминатите 70 години сексуално злоставувале околу 330.000 деца. ми/  

Остани поврзан