Катерина Димитровска од ИЕ 1 на пратеничкото место на Марија Митева
- Катерина Димитровска од Изборната единица 1 од листата за пратеници на Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде новата пратеничка во Собранието.

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Катерина Димитровска од Изборната единица 1 од листата за пратеници на Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде новата пратеничка во Собранието.
Претпладнево на седница на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, претседателот на ДИК Борис Кондарко ги извести членовите дека Димитровска го прифатила мандатот.
Димитровска доаѓа на местото на Марија Митева, која поднесе оставка на пратеничката функција и стана портпаролка на Владата. ев/са/
ФОТО: МИА Архива