• сабота, 21 декември 2024

Катар соопшти дека е договорена испорака на лекови за израелските заложници и помош за Појасот Газа

Катар соопшти дека е договорена испорака на лекови за израелските заложници и помош за Појасот Газа

Катар, 16 јануари 2024 (МИА) – Катар вечерва соопшти дека посредувал за договор помеѓу Израел и Хамас, за да се овозможи испорака на лекови за повеќе од сто израелски заложници во Појасот Газа.

Катар наведе и дека дополнителни камиони со помош ќе бидат доставени до Палестинците во Појасот Газа согласно договорот.

Тоа е прв договор помеѓу завојуваните страни по седумдневниот прекин на огнот кон крајот на ноември.

Хамас зеде заложници во прекуграничната операција во јужен Израел извршена на 7 октомври, по што започна војната.

Заложниците не се посетени од претставници на Црвениот крст и на многумина, меѓу кои и неколку постари лица, им се потребни лекови.

Катар наведе дека договорот е постигнат со помош на Франција, а лековите се очекува да биде испорачани утре. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан