• понеделник, 23 декември 2024

Катар нарача 100 танкери од Јужна Кореја за 19 милијарди долари

Катар нарача 100 танкери од Јужна Кореја за 19 милијарди долари
  Доха, 1 јуни 2020 (МИА) - Компанијата „Катар петролеум“ денеска потпиша договори за изградба на бродови со трите најголеми јужнокорејски бродоградилишта. Договорите се потпишани со компаниите „Даеву бродоградилиште и бродски инженеринг“, „Хјундаи тешка индустрија“ и „Самсунг тешка индустрија“. Во согласност на договорите Катар ќе купи повеќе од сто тамкери по цена од 70 милијарди катарски ријали (околу 19,23 милијарди американски долари). Јужнокорејските бродоградилишта со договорите за танкерите за транспорт на течен природен гас (ТПГ) за „Катар петролеум“ ќе обезбеди значителна ангажираност на производствените капацитети до 2027 година. ми/  

Остани поврзан