• недела, 17 ноември 2024

Катарските власти тврдат дека Хамас ги дал првите индикации за позитивен прием на предлогот за примирје

Катарските власти тврдат дека Хамас ги дал првите индикации за позитивен прием на предлогот за примирје

Доха, 1 февруари 2024 (МИА) - Палестинското движење Хамас ги даде првите индикации за позитивен прием на предлогот за хуманитарна пауза во конфликтот меѓу нив и Израел и за размена на заложниците што ги држеше во енклавата за Палестинците во израелските затвори, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи.

Сега се истражува нов прекин на огнот и договор за ослободување заложници и размена на затвореници, врз основа на предлогот направен на состанокот во Франција изминатиот викенд меѓу американски, израелски, катарски и египетски официјални лица.

„Овој предлог е одобрен од израелската страна и сега ја имаме првата позитивна потврда од Хамас“, изјави портпаролот Маџид ал-Ансари.

„Патот што треба да се оди е многу тежок. Ние сме оптимисти бидејќи двете страни дадоа ветувања што ќе доведат до следната пауза. Се надеваме дека во следните две недели ќе можеме да споделиме добри вести за случајот“, додаде портпаролот.

Според израелските власти, во Газа се уште се држат 132 заложници. Од нив, се верува дека 27 се мртви.

Хамас соопшти дека добил предлог за трифазно примирје, вклучително и шестнеделна пауза во борбите.Во тој период, Израел мора да ослободи меѓу 200-300 палестински затвореници кои не се држат под строги услови за безбедност, во замена за 35-40 заложници задржани во Газа, велат извори од Хамас и Катар како и дека 200-300 камиони со хуманитарна помош исто така може да влезат во Газа секој ден во тој период. зш/

Остани поврзан