• сабота, 21 декември 2024

Кастекс: Франција ќе претстави план за економско закрепнување вреден 100 милијарди евра

Кастекс: Франција ќе претстави план за економско закрепнување вреден 100 милијарди евра
Париз, 26 август 2020 (МИА) - Француската Влада на 3 септември ќе претстави план за економско закрепнување вреден 100 милијарди евра, чија цел е заживување на економската активност погодена од пандемијата на коронавирусот, најави денеска премиерот Жан Кастекс. Кастекс за радио Франс Интер изјави дека две милијарди евра (2,4 милијарди долари) во рамки на тој пакет ќе одат за поддршка на уметноста и културата. Како што пренесуваат француските медиуми, Владата ја одложи презентацијата на деталите за нејзиниот план за економско закрепнување од 25 август за првата недела од септември, бидејќи сега е насочена кон подготовка на нов термин и услови за почеток на учебната година. Кастекс исто така рече дека властите ќе сторат сé што е во нивна моќ за да избегнат нова блокада на земјата поради ограничувањата предизвикани од пандемијата и притоа напомена дека вирусот не ослабнал во смисла на вирулентноста. паг/

Остани поврзан