• понеделник, 16 декември 2024

Касем: Израел е закана за регионот и сака да ги контролира сите муслимани

Касем: Израел е закана за регионот и сака да ги контролира сите муслимани

Бејрут, 15 октомври 2024 (МИА) – Заменик лидерот на Хезболах, Наим Касем, денеска изјави дека групата го смета Израел за „агресор“ што претставува вистинска закана за регионот и дека Израел сака „да ги контролира сите муслимани“.

Касем во телевизиско обраќање изјави дека Израел сака „да ја прошири својата окупација и Палестина не е доволна за Израел“, пренесува Ал Џезира.

„Израел, исто така, сака да ја контролира целата територија на арапските држави и сите муслимани“, рече заменик лидерот на Хезболах.

Според него, Израел спроведува „политика на масакр“ и сака да ги заплаши луѓето со „брутални злосторства“, ја има целосната поддршка од владата на САД и зависи од временските услови, односно „што не може да го има денес, ќе го земе утре “.

Касем истакна дека доколку Хезболах не му се спротивстави на Израел, оваа земја агресор ќе ги постигне своите експанзионистички цели.

Тој, исто така, ги обвини САД дека им помагаат на Израелците во „нивните брутални злосторства во регионот“.

„Америка, најголемиот ѓавол, сака нов Блиски Исток. Нетанјаху го сака истото. Тоа значи дека САД и Израел намерно го спроведуваат овој геноцид“, рече Касем.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан