• понеделник, 23 декември 2024

Касемиро решен да остане на „Олд Трафорд“

Касемиро решен да остане на „Олд Трафорд“

Манчестер, 5 септември 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро е решен да се бори за своето место во клубот. Тој ќе одбие какви било понуди во наредните денови. Интерес за 32-годишниот играч за врска има од Галатасарај, а преодниот рок во Турција се затвора следната недела.

Бразилецот имаше силна прва сезона на „Олд Трафорд“ откако пристигна од Реал Мадрид во 2022 година. Сепак, минатата сезона не беше толку успешна, а и оваа започна со лоши перформанси, кулминирајќи со две грешки што доведоа до голови на дербито со Ливерпул, кое заврши 3:0 за „црвените“.

Касемиро не беше повикан во составот на Бразил за претстојните светски квалификации. Доаѓањето на Мануел Угарте во Манчестер Јунајтед значи дека по секоја веројатност Бразилецот сега ќе има второстепена улога. Сепак, тој нема намера да замине. Касемиро е најплатен играч на „црвените ѓаволи“ со 375.000 фунти неделно. Раководството на клубот е подготвено да се раздели со него, но нивните надежи дека ќе пристигнат понуди од Саудиска Арабија не се остварија. дс

Фото: Архива 

Остани поврзан