Касемиро заплака за време на прошталната церемонија во Реал Мадрид
- Играчот од средниот ред Касемиро не можеше да ги задржи солзите за време на прошталната церемонија во Реал Мадрид. Триесетгодишниот Бразилец заплака додека се присетуваше на неговите настапи

Мадрид, 22 август 2022 (МИА) - Играчот од средниот ред Касемиро не можеше да ги задржи солзите за време на прошталната церемонија во Реал Мадрид. Триесетгодишниот Бразилец заплака додека се присетуваше на неговите настапи во клубот.
- Тука поминав неверојатни моменти. Заминувам со спомени од последниот трофеј во Лигата на шампионите што го освоивме. Со Модриќ и Крос неизмерно уживав во фудбалот. Сакам да појаснам дека еден ден ќе се вратам да им возвратам на љубовта на навивачите, да продолжам да му помагам на овој клуб. И она што го научив овде ми даде сила да продолжам да играм во голем клуб како Манчестер јунајтед.
Ти благодарам претседателе, со тебе напред, овој клуб ќе има светла иднина и ќе продолжи да победува. Хала Мадрид! - изјави Касемиро.
На 19 август Манчестер јунајтед го објави купувањето на Касемиро од Реал Мадрид.
Според порталот „Трансфермаркт“, сумата на трансферот изнесувала 70,65 милиони евра. зс/