• вторник, 24 декември 2024

Касами: Пријавив оти пратеник на движењето БЕСА е исчезнат

Касами: Пријавив оти пратеник на движењето БЕСА е исчезнат
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) - Власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа. Ова веќе е делегитимација затоа што со криминални акти и механизми се обезбедуваат гласови за да не падне оваа криминална власт, изјави вечерва претседателот на БЕСА, Биљал Касами. Касами информираше дека „пријавил оти пратеник на движењето БЕСА е исчезнат“, како и неговото најблиско семејство – мајка, жена и син и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто 24 часа не е достапен. - Оваа власт станува криминална. Пратеник на Собранието на Република Македонија да исчезнува 24 часа и никој да нема информации каде се наоѓа, ова веќе не се работи за евроинтеграции. Не се работи за власт и опозицијата, се работи за животот на луѓе. Значи, човек, пратеник со имунитет и неговото најблиско семејство. Затоа повикувам до премиерот и до сите власти да најдат каде е пратеникот и да објаснат зошто пратеник на Собранието на Северна Македонија 24 часа не е достапен и не е слободен да се движи согласно тоа што му го обезбедува Уставот и Законот, изјави Касами, вечерва пред Собранието. Прашан како го коментира тоа што Кастриот Реџепи се јавува преку социјалните медиуми, Касами рече дека тоа е дополнителен доказ дека тој може под сила да даде секакви изјави. - Се додека не излезе пред јавноста и да каже кој е неговиот став, јас може да претпоставувам. После ова што се случи 24 часа да не биде после ова не 61, власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа. Значи, веќе ова е делегитимација затоа што со криминални акти и механизми се обезбедуваат гласови за да не падне оваа криминална власт, изјави Касами. аа/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан