• понеделник, 23 декември 2024

Касами: Лошото менаџирање ни донесе урбанистички хаос во Тетово

Касами: Лошото менаџирање ни донесе урбанистички хаос во Тетово
Скопје, 2 октомври 2021 (МИА) - Вечерва, во продолжение на предизборните активности во Тетово, лидерот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами разговараше со граѓаните во населбата Тетекс 2. Тој ја претстави својата програма „Me ka krejt - за нашата општина“, при што вети дека проблемите со кои се соочува оваа населба ќе бидат решени само доколку општина Тетово ја предводи Движењето Беса. -Една од најчувствителните точки на секоја општина е урбаниот сектор. Лошото управување со овој сектор во општина Тетово донесе вистински хаос во градот, а хаосот во сообраќајот го отежна животот на граѓаните со зголемување на нивото на стресот, оштетување на менталното здравје и влијание врз влошувањето на имиџот на Тетово. Со овие проблеми исто така се соочува и ова населба, затоа ние, за разлика од другите кои го сакаат само вашиот глас, ние ви ви даваме ЗБОР (БЕСА) , како што вели и нашата легенда, ние, доколку е потребно, стануваме и од гроб, бидејќи ние сме луѓе од ЗБОР (БЕСА), рече лидерот на Движењето Беса и можен кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами. Незадоволството, очајот и револтот што произлегуваат од лошото управување бараат посилно раководство, која ќе ги заштити интересите на нашите граѓани и ќе ја заштити нашата заедничка средина. Движењето БЕСА е посветено за општина каде што ќе има ред и дисциплина. Примена на законот за сите подеднакво, без оглед на партиската, етничка и верска припадност. Време е, рече Касами, да излеземе од ќорсокакот каде што сме. сст/мд/

Остани поврзан