• понеделник, 23 декември 2024

Касами: „Вреди“ функционира одлично, владината коалиција е коректна

Касами: „Вреди“ функционира одлично, владината коалиција е коректна

Тетово, 26 септември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Тетово и претседател на Движењето Беса, Биљал Касами истакна дека владината коалиција е коректна и покрај несогласувањата околу законот за бранителите.

-Коалицијата „Вреди“ функционира одлично, како и владината коалиција е коректна. Сигурно е дека имаме многу заеднички точки, но имаме и точки каде се разликуваме. Но ние може да гарантираме дека сè додека „Вреди“ е дел од владината коалиција, нема да има уназадување на правата на Албанците. Што се однесува до бранителите, во време кога ДУИ беше на власт, најмалку три пати е променет законот каде што се дадени тие права на бранители и ДУИ никогаш не крена глас. Имаше и последна изјава на еден функционер на претходната Влада кој тврди дека и овие измени кои сега се обидуваат СДСМ и ДУИ да ги протуркаат биле веќе договорени со Али Ахмети. Затоа го повикувам да не биде дволичен, нека признае дека, сè што е дадено на бранителите, а не е дадено на војниците на ОВК е придобивка на Али Ахмети. И тој треба да излезе и како маж да го каже тоа, истакна Касами на новинарско прашање, кој заедно со претсавници на полицијата и јавните претпријатија следеше акција за ослободување на јавните површини.ас/фф/

Фото: МИА Архива 

 

Остани поврзан