• недела, 22 декември 2024

Касами: Владата има мандат и треба да продолжи

Касами: Владата има мандат и треба да продолжи
Скопје, 2 ноември 2021 (МИА) Лидерот на Беса и новоизбран градоначалник на Тетово, Биљал Касами, на вечерашното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, истакна дека Владата има мандат и треба да продолжи со цел исполнување на клучниот приоритет - интеграција во Европската Унија. Рече дека Заев не се консултирал со коалициските партнери за поднесената оставка и оти деновиве ќе има средба со него на која ќе му ја пренесе позицијата на Беса. - Заев не се консултираше со партнерите во коалицијата пред да каже јавно дека ќе даде оставка. Ќе се сретнам со него и ќе разговараме, посочи Касами. Тој додаде дека како претседатели на партиите во коалиција пред што и да претендираат, треба да се консултираат меѓусебе. - Забрзувањето на евроатлантскиот процес на државата е клучно. За нас е важно да продолжи Владата во тој правец. Не сум имал средба со Заев. Ќе се сретнам со него оваа недела. Ние имаме договор со Заев, кој е претседател на СДСМ. Ние добивме мандат од граѓаните на изборите во 2020 година и имаме обврска да го продолжиме мандатот, посочи Касами. Тој вели дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен евроатлантскиот пат, но смета дека е потребна реконструкција на Владата. - Треба да има промени. Не сме сигурни дали ќе гласаме за сите министри на ДУИ, рече Касами.са/

Остани поврзан