Каролина Бjелавска од Полска е новата Мис на светот
- Мис на светот 2021 се одржа во Музичката сала „Кока-кола“ во Сан Хуан, Порторико. Натпреварот бил првично закажан за крајот на 2020 година, но одложен поради корона-пандемијата - затоа беше о
Сан Хуан, 17 март 2022 (МИА) - Каролина Бjелавска од Полска победи на 70. издание на изборот за Мис на светот. Прва придружничка Мис на Северна и Јужна Америка, Шри Саини, оф САД, а втора придружничка е Мис Африка, Оливија Јејс, од Брегот на Слоновата Коска.
„Мис на светот 2021“ се одржа во Музичката сала „Кока-кола“ во Сан Хуан, Порторико. Натпреварот бил првично закажан за крајот на 2020 година, но одложен поради корона-пандемијата - затоа беше одржан дури денеска.
Тони-Ен Синг од Јамајка ја круниса Каролина Бјелавска како нејзина наследничка.
Во однос на континенталните победнички, Мис Европа е Ана Лич од Северна Ирска, Мис на Азија и Океанија е Карла Јулес, а Мис Кариби е Порториканката Арјам Дијаз. си/