Карлос Сантана се струполил на настап во САД
- Се појавија и снимки каде што се гледа како медицинскиот персонал му помага на Сантана. Додека го одведуваа, музичарот и мафна на публиката, што секако, предизвика надеж и олеснување.
Бостон, 6 јули 2022 (МИА) - Познатиот латиноамерикански музичар Карлос Сантана се онесвестил за време на настап во Кларкстон, САД. На интернет се појавија и снимки каде што се гледа како медицинскиот персонал му помага на Сантана. Додека го одведуваа в болница, музичарот и мафна на публиката, што секако, предизвика надеж и олеснување.
Американските медиуми пренесуваат дека легендарниот 74-годишен гитарист заздравува. Менаџерот на Сантана, Мајкл Врионис изјави за „Си-би-ес њуз“ дека на Сантана му се слошило поради „исцрпеност од горештините и дехидратација“. Тој е згрижен во блиската болница и се чувствува добро, додаде соработникот. Неговиот настап вечерва во Пенсилванија е откажано. Инаку, Сантана деновиве ја одржува турнејата под наслов „Чудесно натприродно“. си/сд/