• петок, 22 ноември 2024

Карловиќ: Во Мостар стапката на смртност кај пациентите на респиратор е од 60 до 80 отсто

Карловиќ: Во Мостар стапката на смртност кај пациентите на респиратор е од 60 до 80 отсто
Мостар, 9 април 2021 (МИА) - Стапката на смртност кај ковид пациентите што се на респиратор во Универзитетска болница во Мостар се движи од 60 до 80 проценти, изјави прим.мр. сц, Зоран Карловиќ, началник на Одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Тој истакна дека сè зависи од режимот на механичка вентилација. - Во мостарската Универзитетска болница во моментот 43 луѓе се на респиратот од кои одреден број од пациентите во меѓувреме станаа негативни, но поради пооиследици од ковид инфекцијата се уште треба да се на механичка вентилација, посочи Карловиќ. Тој предупреди дека се јавуваат се помлади лица со тешка клиничка слика од претходните бранови на пандемијата. Најмладиот пациент на механичка вентилација има 27 години. Во Херцеговско-неретванската жупанија вчера се регистрирани 294 новозаболени лица, а дури 192 се од Мостар. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан