• среда, 21 август 2024

Кари не би сакал НБА да воведе шут за четири поени

Кари не би сакал НБА да воведе шут за четири поени

Сан Франциско, 20 август 2024 (МИА) - Приказната за „четворка“ во кошарката не е ништо ново. Тоа не е новост дури ни во контекст на приказните за НБА. Но, секако е вест дека тоа навистина се воведе.

И откако ја видовме првата официјална четворка во филипинската кошаркарска лига, приказната повторно стана актуелна во Америка.

Ако се погледнат ударите од далечина, онаа која е далеку „над“ линијата за три поени, има многу играчи во НБА кои самоуверено би погодиле „четворки“. Стеф Кари секако предводи по ова прашање, но токму тој гласно зборува против оваа идеја.

-Би можел да имам корист ако има шут од четири поени, бидејќи дури и сега веројатно шутирам главно од далечина што би била одредена за тој удар. Но, мислам дека тоа многу би ја променило геометријата на играта, за оние кои не знаат да шутираат од далечина да ги охрабриме шутираат од уште поголема далечина, изјави Кари на темата. дс

Фото: Архива

Остани поврзан