• петок, 30 август 2024

Кари на тренинг погоди 105 тројки по ред (видео)

Кари на тренинг погоди 105 тројки по ред (видео)
Сан Франциско, 27 декември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари постигна 105 тројки во низа за време на вчерашниот тренинг.

Кошаркарот ниту еднаш не промаши шут за тројка во серијата која траеше пет минути и десет секунди. Видеото е објавено на официјалниот Твитер на Голден Стејт. Кари беше избран како 7-ми пик на НБА-драфтот во 2009 година од Голд ен Стејт. Како дел од Вориорс, кошаркарот стана три пати шампион во лигата и двапати ја доби наградата за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната МВП. Во историјата на НБА, Кари е трет најпрецизен играч за три поени со 2.495 реализации и  најдобар во оваа статистичка категорија од активните играчи. зс/

Остани поврзан