• сабота, 23 ноември 2024

Каритас: Над 5,5 милиони Италијанци живеат во екстремна сиромаштија

Каритас: Над 5,5 милиони Италијанци живеат во екстремна сиромаштија

Рим, 17 ноември 2023 (МИА) - Во Италија дури 5,674 милиони лица живеат во состојба на екстремна сиромаштија, соопшти денеска католичкиот фонд Каритас, пренесе АНСА.

„Речиси 30 години од објавувањето на првиот извештај, феноменот на сиромаштијата се промени во однос на бројот и социјалните профили (на погодените)“, се наведува годишниот извештај од фондот Каритас.

Во однос на 2021 година овие бројки покажуваат зголемување за  357.000 лица, додаваат оттаму, или тоа претставува околу 9,7 отсто од населението.

„Тоа е структурен проблем, веќе не е како порано“, се додава во извештајот.

Каритас додава дека 14,3 милиони се наоѓаат во состојба на ризик од сиромаштија и социјална исклученост, што е 24,4 отсто од населението во Италија. сд/

Остани поврзан