Карвахал паузира два до три месеци поради операциоја на коленото
- Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал (33), беше подложен на артроскопска операција на коленото и се очекува да биде надвор од терените два до три месеци, објави денеска Кралскиот клуб.
Мадрид, 28 октомври 2025 (МИА) - Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал (33), беше подложен на артроскопска операција на коленото и се очекува да биде надвор од терените два до три месеци, објави денеска Кралскиот клуб.
Операцијата на десното колено беше успешна, но клубот не го прецизираше точното време на закрепнување.
Карвахал во неделата влезе на теренот на дербито против Барселона, Карвахал во 72 минута и играше до крајот на натпреварот, иако се пожали на болка во коленото.
За Карвахал, ова беше осми натпревар во сезоната. Тој веќе пропушти дел од сезоната поради повреда на мускулот, а минатата година беше надвор од терените околу девет месеци поради повреда на коленото.ег
ФОТО: Архива