• вторник, 24 декември 2024

Караванот на СДСМ „Рамо до рамо“ во посета на Велес

Караванот на СДСМ „Рамо до рамо“ во посета на Велес

Скопје, 3 јуни 2023 (МИА) - Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, заедно со Ивона Кузмановиќ денеска беa меѓу граѓаните на општина Велес, како дел од караванот теренски активности „Рамо до рамо до победа“.

Како што соопшти СДСМ, Лукаревска со граѓаните разговараше за повеќе теми, меѓу кои мерките и политиките што ги спроведува СДСМ за подобрување на животниот стандард на граѓаните, европската перспектива на државата и придобивките од продолжување на европскиот пат на земјата.

-Изборот пред секоја партија, пред секој пратеник е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција. Со глас за Европа во македонското Собрание можеме да продолжиме напред, кон полноправно членство во ЕУ. Сега зависи од сите нас и затоа ги повикуваме сите политички партии и сите пратеници да покажат одговорност кон народот и иднината на земјата, рече Лукаревска

Додаде дека пред државата и граѓаните е отворена историска шанса, при силна и недвосмислена поддршка од ЕУ и од САД, којашто треба да се искористи.
 
Лукаревска истакна дека интеграцијата во ЕУ значи подобар животен стандард, сигурна иднина, засилен економски раст, поголеми можности за младите, развој на секое поле.
 
Евроинтеграцијата носи бројни директни придобивки, пристап до европските фондови, нагласи Лукаревска, додавајќи дека само со новата ИПАРД 3 програма приближно 100 милиони евра неповратни европски средства се ставени на располагање за инвестиции за модернизација на македонското земјоделство.
 
-Од друга страна сите добро знаеме што значи изолација, ја живеевме од 2006 до 2016 година година, со режим, заробена држава, без напредок и без перспектива. Не смееме да дозволиме повторно да ни се случи изолација, граѓаните немаат нови 11 години за губење, сега е време за дејствување, заедно со вас граѓаните, да ја донесеме Европа дома, нагласи Лукаревска. ев/
 

ФОТО: СДСМ

Остани поврзан