• вторник, 19 ноември 2024

Карабатиќ внимателен дуелот со македонската репрезентација: Првите натпревари секогаш се многу тешки

Карабатиќ внимателен дуелот со македонската репрезентација: Првите натпревари секогаш се многу тешки

Дизелдорф, 9 јануари 2024 (МИА) – Легендата на францускиот ракомет Никола Карабатиќ очекува тежок натпревар против македонската репрезентација со кој утревечер во Дизелдорф пред рекордни 55.000 гледачи на стадионот „Меркур Шпил Арена‘ ќе биде отворено Европското првенство.

„Ќе мораме да бидеме фокусирани на натпреварот и да не размислуваме многу за оваа историска димензија. Најважната работа секако е победата, но сите знаеме од нашето искуство дека првите натпревари на големите натпреварувања секогаш се многу тешки“, изјави Карабатиќ, кој на дуелот против избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го одигра 349. натпревар во францускиот дрес.

Европското првенство кое утре почнува во Германија, воедно, за Карабатиќ ќе биде рекордно 11. во неговата долга кариера.

Дуелот меѓу македонската и француската репрезентација започнува во 18 часот и е во рамки на групата А во која воведното коло ќе комплетираат домаќинот Германија и Швајцарија од 20:45часот. ег/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан