• среда, 27 ноември 2024

Капитол Хил евакуиран поради сомнителен пакет

Капитол Хил евакуиран поради сомнителен пакет
Вашингтон, 31 март 2021 (МИА) - Дел од Претставничкиот дом во Вашингтон, каде се наоѓаат канцеларии, денеска привремено беше евакуиран поради сомнителен пакет. Полициските службеници од обезбедувањето на зградата истражуваа сомнителен пакет што бил пронајден пред една од салите за состаноци, пренесе весникот „Сан“. Официјалните лица подоцна изјавија дека сомнителниот предмет е изнесен од зградата и дека Претставничкит дом е повторно отворен. сд/

Остани поврзан