Капело го критикуваше Пиоли
- Италијанскиот фудбалски стручњак, Фабио Капело вината за поразот на Милан од Интер (0:2) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, ја упати кон тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли.
Милано, 11 мај 2023 (МИА) – Италијанскиот фудбалски стручњак, Фабио Капело вината за поразот на Милан од Интер (0:2) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, ја упати кон тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли.
- Интер е многу блиску до пласман во финалето. Пиоли не може да најде контрамерки. Ова не е прво дерби во кое Милан игра вака. Играчите од средниот ред на Интер секогаш беа слободни и им создаваа многу проблеми. Што би советувал кога би бил тренер на Милан? Би ги замолил сите да научат од направените грешки. Интер малку се опушти во вториот дел, а претстои уште еден натпревар. Очекувам сосема различен натпревар во реваншот, изјави Капело.
Реваншот меѓу миланските ривали е закажан за 16 мај. Домаќин ќе биде Интер. зс/
Фото: ЕПА