• среда, 27 ноември 2024

Капело: Берлускони уште пред 30-ина години размислуваше за Супер лига

Капело: Берлускони уште пред 30-ина години размислуваше за Супер лига
Рим, 29 април 2021 (МИА) – Трофејниот италијански тренер Фабио Капело обелодени дека поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, бил првиот кој размислувал за формирање европска фудбалска Супер лига и тоа пред повеќе од триесет години. -Берлускони за тоа размислуваше уште во 1988 година. Тој не можеше да си замисли неговиот клуб да биде елиминиран по само еден натпревар. Тогаш говореше дека сака постојано да ги гледа најдобрите екипи на „Сан Сиро“ и поинаков фудбал, изјави Капело за италијанскиот „Скај Спорт“. Капело во Милан мина голем дел од својата тренерска кариера. Додека поранешниот италијански премиер Берлускони беше на чело на Милан, екипата освои пет европски титули. Сега е сопственик на италијанскиот второлигаш Монца, чиј член е македонскиот младински репрезентативец Лука Станковски. Монца во моментот е четвртопласирана во Серија Б и имаше шанси за влез во Првата лига. ег/ссм/

Остани поврзан