• вторник, 24 декември 2024

Канчев: Секој трет заразен во Бугарија е од делта сојот

Канчев: Секој трет заразен во Бугарија е од делта сојот
Софија, 21 јули 2021 (МИА) - Главниот здравствен инспектор Ангел Канчев, на денешниот брифинг во Министерството за здравство на Бугарија, изјави дека има промена во трендот на ширење на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Софија. Канчев истакна дека е запрено намалувањето на новозаразени лица со Ковид-19 и оти сега секое трето лице е заразено соделта сојот. Според него, постепено ќе го зголемуваат бројот на случаи во јули, а многу побрзо во август. Тој истакна дека меѓу земјите со најголема инциденца во моментот земјите со активен туризам - Кипар, Шпанија, Португалија и Грција. - Во моментов, на 14-дневна основа, случаите во Бугарија се 141 на еден милион луѓе, во Велика Британија има 8.300, а во Кипар - 15.000 на еден милион луѓе, додаде Кунчев. Според него, сепак, доколку се почитуваат рестриктивните мерки при граничната контрола, може да се забави ширењето на делта сојот, што веќе доминира во повеќе од 50 проценти од случаите во Европа. нк/ми/

Остани поврзан