• вторник, 10 март 2026

Канцеларот Мерц ја исклучува можноста за соработка со крајно десничарската АфД по регионалните избори

Канцеларот Мерц ја исклучува можноста за соработка со крајно десничарската АфД по регионалните избори

Берлин, 9 март 2026 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) нема да соработува со крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) по спорните регионални избори во јужната покраина Баден-Виртемберг, објавија британските медуми.

Канцеларот нагласи дека изборите, на кои Зелените тесно ја победија конзервативната Христијанско-демократска унија на Мерц, нема да влијаат врз работата на коалициската влада во Берлин.сд/ми/

Фото:МИА архива

Остани поврзан