• среда, 27 ноември 2024

Канцеларија за Косово и Метохија : Скандалозна пресуда против четворица Срби за убиството на Оливер Ивановиќ

Канцеларија за Косово и Метохија : Скандалозна пресуда против четворица Срби за убиството на Оливер Ивановиќ

Белград, 28 јуни 2024 (МИА) - Канцеларијата за Косово и Метохија на српската Влада соопшти дека денешната скандалозна пресуда против четворицата Срби, кои судството на Курти на секој можен начин се обидува да ги поврзе со убиството на Оливер Ивановиќ, е политички мотивирана и инструирана со цел дополнително да го криминализира српскиот народ на Косово, а се со цел Приштина да ја сокрие вистинската заднина и сторителите на ова мачно убиство.

Канцеларијата наведе дека пресудата е донесена без конкретни докази, под силен политички и медиумски притисок од Приштина, додавајќи дека таа е темпирана токму на Видовден за Приштина да создаде ново шоу за јавноста и повторно да ги нападне Србите.

Канцеларијата посочува дека Србите биле осудени уште пред самиот судски процес, како и дека обвинението три пати било менувано во текот на самото судење.

 „Зошто беше изречена пресудата на Видовден, најголемиот празник на српскиот народ на Косово, ако не за Приштина да создаде ново шоу за јавноста и повторно да ги нападне Србите? Одамна е познато дека за Србите во Косово нема ниту права, ниту правда, и дека за нив важи нардоната „кадија и ги тужи и ги суди“, што покажува и денешната пресуда“, се наведува во соопштението.

И покрај се, додаваат оттаму, ќе продолжиме да се бориме за откривање на вистината за убиството на Оливер Ивановиќ и никогаш нема да ги прифатиме монтираните судења на Курти, политичките пресуди и криминализацијата на Србите, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија на српската Влада. сд/

Остани поврзан