• сабота, 23 ноември 2024

Канцеларијата на НАТО во Женева нема да ја наруши швајцарската неутралност

Канцеларијата на НАТО во Женева нема да ја наруши швајцарската неутралност

Женева, 25 октомври 2024 (МИА) – Шефот на новата канцеларија на НАТО во Женева, Хоакин Молина денеска изјави дека неговата позиција не ја нарушува неутралноста на земјата домаќин бидејќи тој не е одговорен за односите со Берн.

- Мојата канцеларија нема никаква врска со билатералните работи. Тоа е нешто што беше договорено меѓу Брисел и Берн. Присуството на канцеларијата за врски овде никако не влијае на швајцарската неутралност, ниту на разговорите меѓу Швајцарија и НАТО, рече Молина во првото интервју за швајцарските медиуми по стапувањето на функцијата, пренесува Свис Инфо.

Молина одби да го коментира неодамнешниот извештај на Комисијата за иднината на безбедносната политика, нарачан од швајцарската претседателка Виола Амхерд, кој препорачува поблиски врски меѓу Швајцарија и НАТО. јт/

Остани поврзан