Канте може да го пропушти остатокот од сезоната
- Тренерот на Челзи, Френк Лампард кажа дека играчот од средниот ред Н’Голо Канте би можел да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда.

Лондон, 14 мај 2023 (МИА) – Тренерот на Челзи, Френк Лампард кажа дека играчот од средниот ред Н’Голо Канте би можел да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда.
- Го загубивме Канте на вчерашниот тренинг. Тој разви болки во пределот на препоните. Според прелиминарните прогнози ќе биде надвор неколку недели. Сите разбираат што значи ова, изјави Лампард за „Talksport“.
Триесет и двегодишниот Французин го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда на тетивата.
Тој оваа сезона забележа само девет настапи во Премиер лигата за Челзи. зс/
Фото: Фејсбук