• сабота, 23 ноември 2024

Кандиќ кај Курти откако беше бојкотирана на трибина за човекови права од семејствата на исчезнатите во Косово

Кандиќ кај Курти откако беше бојкотирана на трибина за човекови права од семејствата на исчезнатите во Косово

Приштина, 20 април 2022 (МИА) – Косовскиот премиер Албин Курти ја прими денеска српската активистка за човекови права и директорка на Фондот за хуманитарно право, Наташа Кандиќ, со која разговарал за прашањето на исчезнатите лица во војната во Косово во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според сооштението од кабинетот на Курти, тој на средбата го повторил „сериозниот пристап на Владата на Косово во однос на исчезнтите лица во војната, нагласувајќи дека е битно, во соработка со домашните и меѓународните механизми, да се направи повеќе за да се затворат отворените рани од минатото“.

Пред да се сретне со Курти, Кандиќ денеска во Приштина учествуваше на трибина за исчезнатите лица, орагнизирана од Комисијата за човекови права на Собранието на Косово.

Во моментот кога српската активистка се јави за збор, претставниците на организациите на семејствата на исчезнатите ја напуштија трибината, порачувајќи дека нема потреба таа да говори за проблемот со исчезнатите, кога Косово има свои институции кои треба да се занимаваат со тоа.

Во Косово на 27 април се одбележува Денот на исчезнатите лица во војната. Според косовски официјални извори, по војната со Србија во 1998-99 година како исчезнати се водат околу 1.600 луѓе, за чија судбина сé уште нема никакви информации.

Остани поврзан