Кандидатот на НАИ за градоначалник на Дебар, Фетаху преку теренска кампања ги презентира приоритетите
- Кандидатот за градоначаник на Дебар, од Националната алијанса за интеграција (АКИ), Илириан Фетаху, на средбите со граѓани, во рамки на теренската изборна кампања, ветува максимална ангажираност, целосна транспарентност и „заедно со граѓаните подигање на вредностите на градот со цел Дебар да стане град - пример за успех“.
Дебар, 8 октомври 2025 (МИА) – Кандидатот за градоначаник на Дебар, од Националната алијанса за интеграција (АКИ), Илириан Фетаху, на средбите со граѓани, во рамки на теренската изборна кампања, ветува максимална ангажираност, целосна транспарентност и „заедно со граѓаните подигање на вредностите на градот со цел Дебар да стане град - пример за успех“.
-Го посетуваме секој дом, разговараме со граѓаните кои срдечно не дочекуваат, презентирајќи ја нашата визија, со која ќе се залагаме за стабилен урбан и економски развој, современа инфраструктура и дигитални услуги, јакнење на одлучувачката улога на младите, родова рамноправност и отворена комуникација со граѓаните, соработка со локалниот бизнис, невладиниот сектор, спортските клубови и друштвата од областа на културата, рече Фетаху за МИА.

Додава дека меѓу повеќето приоритети, се подготовка на генерален урбанистички план, чиста животна средина, реконструкција на плоштадот „Скендербег“, изградба на паркинг простор, формирање младински центар и младински совет, како и модернизација на секторот за одржување на комуналната хигиена.
Секако, посочува, тука и развојот на туризмот, за што општината располага со иделани услови, природни богатства, значајни културно-историски знаменитости. Посебен приоритет, според него, ќе биде формирањето Центар за поддршка на лицата со аутизам.
-Со еден збор мојата мисија е да ја раководам општината со интегритет, транспарентност и професионалност, да изградиме ефикасна администрација, да имаме чиста животна средина, и квалитетни услуги за секој граѓанин. Затоа не барам шанса за власт туку можност за искрена соработка за да заедно изградиме современ град, кој ќе биде пример за успех, ветува тој.
Фетаху (51), кој кампањата ја води под слоганот „Заедно за Дебар“, основно и средно образовение завршил во Дебар, дипломирал на Факултетот по природни науки во Тирана, отсек математика. Повеќе од две децении е професор во дебарската гимназија „28 ноември“. Оженет е и е татко на две деца.
Коалицијата НАИ, има и кандидатска листа за 15.члениот совет на општината, чиј носител е Артан Спахиу. вт/
Фото: Фетаху ФБ