• недела, 22 декември 2024

Кандидатот за претседател на Барселона, загрижен дека клубот е во опасност од банкрот

Кандидатот за претседател на Барселона, загрижен дека клубот е во опасност од банкрот
Барселона, 13 април 2020 (МИА) - Претседателскиот кандидат на Барселона, Виктор Фонт изјави дека клубот се соочува со банкрот. Тој остро го критикуваше сегашниот шеф на Каталонците, Јосеп Марија Бартомеу. - Долго време, предупредувавм дека клубот се движи директно кон пропаст. Сведоци бевме на осуди заради случајот Нејмар, спорови меѓу играчите, вработените и скринингот на социјалните медиуми, неодржливи спортски политики, распаѓање на дирекцијата и значително намалување на приходите заради коронавирус. Клубот е во опасност од економски и морален банкрот. Играта заврши, истакна Фонт. Вети средување на состојбите доколку биде избран на функцијата. - Следува смена на најдобрата генерација фудбалери во својата историја. Ќе се изгради нов спортски комплекс и ќе се бориме против јавните компании со огромни финансиски ресурси, нагласи Виктор Фонт. зс/

Остани поврзан