• вторник, 24 декември 2024

Кандидатот за градоначалник од АА и Алтернатива за општина Желино Зибери во село Ларце

Кандидатот за градоначалник од АА и Алтернатива за општина Желино Зибери во село Ларце
Скопје, 2 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива за општина Желино Махир Зибери вечерва ја продолжи предизборната кампања во село Ларце. Тој пред присутните ја претстави својата програма и истакна дека на оваа општина и е потребно само обединување. - На оваа општина и треба само проект наречен обединување. Промената не е само инфраструктура, рече Зибери. Нагласи дека нема да поддржува кражби и корупција и порача дека ќе работи за тоа младите да се мотивираат и да остануваат во земјава, за нови спортски терени, за подобри услови за живот, како вода за пиење и нова водоводна мрежа. На митингот присуствуваше и пратеничката на Алијансата за Албанците Илире Даути. мд/сст/    

Остани поврзан