• сабота, 23 ноември 2024

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Штип ги презентираше проектите за наслебата Сењак

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Штип ги презентираше проектите за наслебата Сењак

Штип, 30 септември 2021 (МИА) - Брзиот раст на штипската населба Сењак бара итно да се најдат решенија, кои на граѓаните ќе им создадат комфорен живот, истакна на денешната видео прес-конференција, кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов со двајцата кандидати за советници од овој дел на градот.

Најавија реконструкција на најфрекветната крстосница на улиците „Борис Крајгер“ и „Сремски фронт“, како и изградба на нови детски игралишта, но и реконструкција на постојните.

- Ако сакаме да имаме комплетен град во секоја смисла на зборот, должни сме активно да работиме, да создадеме нова иднина за Штип, вели Јорданов.

Меѓу проектите за штипската населба Сењак се и реконструкција на улиците, но и на тротоарните површини. вдј/ар/

Остани поврзан