• сабота, 23 ноември 2024

Кандидатката на Републиканците Валери Пекрес ќе гласа за Емануел Макрон

Кандидатката на Републиканците Валери Пекрес ќе гласа за Емануел Макрон

Париз, 10 април 2022 (МИА) – Кандидатката на Републиканците Валери Пекрес, која според Ифоп освоила 4,7 отсто од гласовите, најнизок резултат на  партијата во историјата на претседателските избори во Франција, изјави дека во вториот круг ќе гласа за Емануел Макрон, јави дописникот на МИА.

-Ја изградив целата моја борба против екстремите на десницата и левицата. Проектот на Марин Ле Пен ќе ја доведе земјата до раздор, импотенција и банкрот. Нејзината историска близина со Владимир Путин ја дискредитира во одбраната на интересите на нашата земја. Нејзиниот избор ќе доведе до бришење на Франција на европската и меѓународната сцена. Така, и покрај длабоките разлики што ги истакнував во текот на целата кампања, со совест ќе гласам Емануел Макрон да го спречам доаѓањето на власт на Марин Ле Пен“, изјави Валери Пекрес, која, покрај тоа, уверуваше дека ќе продолжи да се „бори“ со сета своја „сила“ за Франција.тг/

Остани поврзан