• среда, 27 ноември 2024

Канатларовски: Се надевам дека новата генерација ќе има поголем успех

Канатларовски: Се надевам дека новата генерација ќе има поголем успех
Скопје, 7 јуни 2022 (МИА) – Во пресрет на двата контролни дуела против селекцијата на Босна и Херцеговина, селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 години, Драган Канатларовски, даде свое видување за потенцијалот на неговите избраници. - Имаме нова генерација на млади фудбалери која поседува квалитет, почнуваме да ја подготвуваме за следниот квалификациски циклус што почнува во март. Треба да извлечеме голема поука од претходниот циклус. Да коригираме се што беше негативно, а позитивните работи да ги прифатиме и да продолжиме со напорната работа. Се надевам дека новата генерација ќе има поголем успех од претходната, повеќето фудбалери ги имаат поминати сите млади селекции на Македонија, се познаваат, што е добар знак пред почетокот на квалификацискиот циклус. Од старт почнуваме заедно, се надевам дека ќе имаме успешни квалификации, изјави Канатларовски. Првиот натпревар со БиХ е закажан за 10 јуни на стадионот „Ѓорче Петров" со почеток од 17 часот, вториот е закажан за 12 јуни, натпреварот ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски" со почеток од 17 часот. зс/

Остани поврзан