• среда, 25 декември 2024

Канадски пратеник се појави гол на онлајн седница на Парламентот

Канадски пратеник се појави гол на онлајн седница на Парламентот
Отава, 16 април 2021 (МИА) - Член на канадскиот Парламент се појави гол на интернет-седница на Долниот дом. На снимката што стигна и до медиумите, се гледа како политичарот стои зад бирото, меѓу знамето на покраината Квебек и националното знаме на Канада, криејќи ги неговите интимни делови со мобилен телефон. Се работи за Вилијам Ејмс од Либералната партија, кој го претставува Округот Понтијак во Квебек во Долниот дом од 2015 година. „Тоа беше несреќна грешка! ...Мојата видеокамера случајно се вклучи додека се преслекував, откако се вратив од трчање. Искрено им се извинувам на моите колеги од Долниот дом за ова ненамерно одвлекување внимание. Очигледно е дека таква грешка не треба да се случи“, вели пратеникот во својата електронска изјава потоа. Поради корона-пандемијата, дел од канадските пратеници присуствуваат на седниците преку видеоврска. Пратеничката Клод Дебелфој од опозициската партија Блок Квебек покрена процедурално прашање во врска со инцидентот и посочи дека парламентарните правила налагаат машките пратеници да носат палто, панталони, кошула и уредно наместена вратоврска. Претседателот на комората Ентони Рота ѝ се заблагодари на Дебелфој за нејзиното подробно „набљудување“ и опис и иако самиот тој не видел ништо, ги потсети пратениците секогаш да бидат внимателни кога се близу камера или микрофон. Ејмс можеше да биде виден од другите пратеници и вработени во Собранието само на внатрешната видеоврска. Бидејќи тој не зеде збор, немаше вклучување во живо.  си/ https://www.youtube.com/watch?v=VCvmKYYygLM

Остани поврзан