Канада наскоро ќе ги отвори границите за странски посетители
- Канада може да ги отвори границите за сите вакцинирани посетители од почетокот на септември и најверојатно ќе може да прима вакцинирани граѓани на САД од средината на август.
Вашингтон, 16 јули 2021 (МИА) - Канада може да ги отвори границите за сите вакцинирани посетители од почетокот на септември и најверојатно ќе може да прима вакцинирани граѓани на САД од средината на август.
Ова го соопштија од кабинетот на премиерот Џастин Трудо.
Канада ги затвори копнените граници со САД лани во март, кога започна пандемијата на коронавирус. Оттогаш границите беа затворени за странски посетители, за да се спречи епидемија.
Но, со зголемениот број вакцинации и запирање на ширењето на болеста, тие мерки можат да бидат повлечени во неделите што следуваат.
- Премиерот истакна дека ако продолжи тековниот поволен тек на стапката на вакцинација и јавно здравје, Канада ќе биде во можност да ги прима целосно вакцинираните патници од сите земји на почетокот на септември, изјавија од неговиот кабинет.
Трудо истакна дека „може да се очекува да се дозволи влез за целосно вакцинираните американски граѓани и лица со легален престој во САД до средината на август“.
Во Канада живеат 37 милиони луѓе, досега се регистрирани 1.4 милиони случаи на инфицирани од Ковид-19, додека од почетокот на пандемијата од коронавирус починале повеќе од 26.000 лица. кб/