• вторник, 24 декември 2024

Канада го забрани достапот на „Хуавеј“ до 5Г-мрежите

Канада го забрани достапот на „Хуавеј“ до 5Г-мрежите
Отава, 20 мај 2022 (МИА) - Владата на канадскиот премиер Џастин Трудо одлучи да го забрани пристапот на кинеската меѓународна корпорација „Хуавеј технолоџис“ - најголемиот светски производител на комуникациска опрема, до следната генерација мобилни мрежи во Канада. Развојот на 5Г-мрежата, т.н. мрежи од „петтото поколение“, ќе им овозможи на корисниците побрзи интернет-врски. Тоа ќе обезбеди огромен капацитет за податоци како одговор на сѐ поголемата побарувачка на тоа поле, бидејќи сѐ повеќе работи се поврзани на интернет и се појавуваат иновации како виртуелната реалност, сѐ пософистицирани видеоигри и самоуправувачки возила. Одлуката ја потврди и портпарол на министерот за јавна безбедност на Канада.  си/

Остани поврзан