• понеделник, 26 август 2024

Канаваро сака да води клуб од Премиер лигата

Канаваро сака да води клуб од Премиер лигата
Лондон, 9 мај 2020 (МИА) - Поранешниот дефанзивец на италијанската репрезентација и Јувентус, сега – тренер на Гуангжу Евергранд, Фабио Канаваро изјави дека би сакал да работи во шампионатот на Англија. - Би сакал да работам во Премиер лигата. Ги гледам сите натпревари во Премиер лигата, навистина ми се допаѓа културата на фудбалот во Англија. Во Кина работам на подобрување на мојот фудбалски систем. Да, јас водам еден од најдобрите азиски клубови, но би сакал да се испробам во Европа, изјави Канаваро. зс/

Остани поврзан