• вторник, 24 декември 2024

„КАМ“ шампион според бројот на новоотворени маркети во Бугарија годинава

„КАМ“ шампион според бројот на новоотворени маркети во Бугарија годинава
Софија, 9 август 2022 (МИА) - Македонскиот синџир на супермаркети „КАМ Маркет“ е шампион според бројот на отворени нови објекти во Бугарија од почетокот на годината, наведува информативниот сајт „Марица.бг“. Порталот посочува дека од почетокот на годинава, компанијата „КАМ“ отворила шест нови супермаркети на територијата на Бугарија, оставајќи ги зад себе бугарскиот „Т-МАРКЕТ“ со пет отворени продавници, австриската „Била“ и германскиот„Лидл“ со по два и германскиот „Кауфланд“ со еден маркет. Во текстот се посочува дека компанијата „КАМ Маркет“ е основана во 1999 година во земјава и дека има 76 маркети на територија на државава, 20 во Косово и 22 во Бугарија, каде првиот е отворен во ноември 2017 година во Софија. - Голем дел од производите во маркетите се увозни – овошјето и зеленчукот доаѓаат директно од Грција и Турција, од Германија и Швајцарија се сувомесните, конзервираните и млечните производи, од Тајланд – конзерви риби, од Кина – непрехранбени стоки... Компанијата има и бугарски стоки во својот асортиман, наведува „Марица.бг“. сп/bak/

Остани поврзан