• сабота, 23 ноември 2024

Кампања на Мрежа Стела за економско омоќување и финансиска самостојност на жените

Кампања на Мрежа Стела за економско омоќување и финансиска самостојност на жените

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - Во насока на остварување на мисијата за застапување на жените и девојките и поддршка на нивниот потенцијал, во што припаѓа и економското омоќување и
финансиската сигурност, Мрежа Стела започна со проектот „Застапување за економско
омоќување на жените: Еднаков пристап до можностите за финансиско
осамостојување“.

Како што се наведува во соопштението од организацијата, во македонското општество има висока стапка на невработеност, голема економска неактивност, а жените особено имаат многу мало учество на пазарот на труд. Индустриите во коишто доминираат жените се најчесто со ниски плати и не соодветствуваат на високото образование и вештините што жените ги стекнуваат.
Причините за оваа ситуација се во сооднос со нестабилните економски и општествени услови во земјата, неусогласеноста со достапните и потребните профили на пазарот на трудот и постоечките традиционални норми. Според податоците на Државниот завод за статистика, само 42.8% од жените во земјата бараат вработување и 37.9% се вработени, иако значителен број на жени имаат универзитетско образование. Невработеноста особено е раширена меѓу младите жени во руралните делови на земјата. м

Целта на проектот на Мрежа Стела е да се направат долгорочни стратегии за подобрување на состојбата на жените и девојките при вработување и олеснување на предизвиците со кои се соочуваат на работните места, како и претставување на еднакви можности и насоки за искористување на постоечките политики и подобрување на сегашните. Во рамки на проектот подготвуваме и документ за политки „Премостување на јазот во економското зајакнување на жените и девојките во Северна Македонија: Достапни можности, мерки, предизвици и
препораки“ што ќе се користи за застапување пред институциите со цел подобрување на
мапираните достапни можности и предизвици со кои се соочуваат жените во процесот на
финансиско осамостојување.

Во рамки на кампањата на социјалните медиуми #ОслободенаИНезависна, ја подинуваме
свеста за тоа колку е важно за економијата, за образованието и за развојот на општествата
доколку се фокусираме на зајакнување на жените и обезбедиме можности за сите жени да
бидат независни и еднакво вклучени на пазарот на трудот. Истовремено ја потенцираме
инклузијата и индивидуалниот пристап кон приказните на секоја жена, важноста на
репрезентацијата и создавање на заедници каде секој може да напредува.

Поддржувајќи се една со друга и залагајќи се за еднакви можности, градат солидарни
заедници кои ја слават различноста и негуваат култура на взаемна поддршка и почит. За
жените од различни раси, етникуми, возрасти, заедници, способности, социјални позадини
и идентитети - економската независност е храбра изјава за самоопределување.

Кампањата и активностите во рамки на проектот може да се следат на социјалните
медиуми Инстаграм и Фејсбук како и на веб страницата https://stella.mk/.

Проектот е поддржан од шведската Фондација Kvinna till Kvinna, имплементиран од
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. 

Дизајнот на илустрации е на Теано Кардула. ев/

Остани поврзан