• вторник, 26 ноември 2024

Кампања „Иднината е ЈАС“ на Ромалитико и УСАИД

Кампања „Иднината е ЈАС“ на  Ромалитико и УСАИД

Скопје, 16 октомври 2023 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на девојчињата – 11 Октомври, Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико овој месец ја спроведува кампањата „Иднината е ЈАС“.

- Одбележувањето на овој датум на глобално ниво служи да не потсети за потребата од зајакнување на девојчиња и инвестирање во девојчињата и нивната иднина. Во кампањата се вклучени 11 девојчиња Ромки со различни интереси и таленти. Со оваа кампања сакаме да влијаеме и на менување на наративите врз Ромите и да презентираме позитивна слика на млади кои воопшто не се различни од другите млади во нашата држава, соопшти Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.

Кампањата е подготвена од страна на Институтот за истражување и анализа на политики - Ромалитико во рамки на Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). мд/цр

Фото: Фејсбук на Ромалитико 

Остани поврзан