• вторник, 24 декември 2024

Кампања за бесплатна правна помош во Битола, Новаци и Могила

Кампања за бесплатна правна помош во Битола, Новаци и Могила

Битола, 25 август 2023 (МИА) - Во пелагониските општини Битола, Новаци и Могила почна реализацијата на проект за бесплатна правна помош. Целта на промотивната кампања е да се зајакне свеста кај граѓаните за постоењето бесплатна правна помош, истакна Ирена Цуцулоска Јакимовска, раководителка на проектот за бесплатна правна помош во канцеларија на Совет на Европа во Скопје.

-Граѓаните ги информираме за тоа каде да се обратат за бесплатна правна помош и на тој начин да го зголемиме бројот на информирани граѓани, затоа што свесноста се уште е на ниско ниво. Информираноста е клучниот инструмент за функционирање на системот за бесплатна правна помош и затоа потребни се повеќе вакви настани, посочи Цуцулоска Јакимовска..

На кампањата, додаде, и претходеше истражување меѓу граѓаните за тоа дали се запознаени со Законот за бесплатна правна помош кој беше донесен во 2019 година. 

-Граѓаните се уште не се запознаени со новиот закон кој има поголем опфат, а истражувањата ни покажаа дека свеста кај граѓаните е на ниско ниво. Граѓаните треба да знаат дека постои примарна и секундарна правна помош. Право на примарна правна помош има секој граѓанин и тоа опфаќа бесплатен правен совет, бесплатна правна информација кои може да се добијат во подрачните одделенија на Министерството за правда. Секундарна правна помош се добива под одредени услови кои се однесуваат на финансиската и имотна состојба на граѓанинот, нагласи Цуцулоска Јакимовска.

Проектот се имплементира во соработка со Министерството за правда и овластени здруженија на граѓани за бесплатна правна помош и овластени правни клиники.

Во рамки на проектот во општините Новаци и Могила отворени се канцеларии за бесплатна правна помош.мт/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан