• четврток, 03 октомври 2024

Камила Џорџи и Каролина Плишкова во женското финале на Канадскиот Мастерс

Камила Џорџи и Каролина Плишкова во женското финале на Канадскиот Мастерс
Монтреал, 15 август 2021 (МИА) – Во женското финале на Канадскиот Мастерс вечерва ќе се сретнат Камила Џорџи и Каролина Плишкова. Италијанката Камила Џорџи, стигна до финалето со победата врз Џесика Пегјула, додека, Чехината Каролина Плишкова ја совлада Арина Сабаленка. Ова е деветта средба на Плишкова и Џорџи, со тоа што Плишкова моментално води со 5-3. Џорџи победи на нивната најскорешна средба што се одржа на Олимписките игри во Токио. ар/бак/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан